• 26.03.2024 01:58

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ренџерскиот баталјон денес го слави Денот на единицата

Ренџерскиот баталјон е формиран во 2004та година. Во неговиот состав влегоа припадници од Извидувачкиот баталјон и Падобранскиот одред, а во наредниот период и од останатите единици во АРМ. Ренџерскиот баталјон располага со респектабилно искуство и се значајни репрезенти на АРМ која се наоѓа во постојан процес на подготовки и обука за успешно извршување на својата мисија.

Единицата помина интензивен развоен пат од 2004 година до денес и вложи максимални напори за зголемување на оперативната способност и е секогаш подготвена да се справи со сите поставени предизвици кои ги носи новото време.

Како резултат на својата оспосбеност и интероперабилноста со единиците на НАТО, четата за Длабинско Набљудување во состав на Ренџерскиот баталјон во период од 2007 до 2010 година успешно ги заврши Самооценувањето Ниво 1, НАТО оценување Ниво 1 – CREVAL и Самооценувањето Ниво 2 – ТАCEVAL .

Единицата е пополнета со професионален персонал едуциран и оспособуван согласно програмите и стандардите на НАТО. Станува збор за млади, психофизички добро подготвени и мотивирани професионалци кои се борбеното оспособени за извршување на операции во најразлични услови.

Во 2011 година од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на вооружените сили, Ренџерскиот баталјонот е одликуван со Орден за воени заслуги заради успешни извршувања на сите поставени задачи и предизвици.

На сите припадници на ренџерскиот баталјон, им го честитаме 27 Ноември – Денот на единицата.