• 18.04.2024 02:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Повереник на Орбан: Европа е гасна комора на Џорџ Сорос

BySarissa Editor

Nov 29, 2020

Силард Деметер, повереник на унгарсиот премир Виктор Орбан за култура и шеф на Книжевниот музеј Петефи во Будимпешта, на провокативен начин го опиша унгарско-американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговото влијание врз ЕУ:

„Европа е гасна комора на Џорџ Сорос“, напиша Силард Деметер во текстот што вчера е објавен на провладиниот портал Ориго.

„Отровен гас тече од капсулите на мултикултурното отворено друштво, што е смртоносно за европскиот начин на живеење“, пишува Деметер.

Тој го окарактеризира Сорос како „либерален фирер“, истакнувајќи дека „либераријанската војска го обожува повеќе отколку што Хитлеровата војска го сакала својот фирер“.

Текстот е напишан сред растечкото непријателство на Брисел кон Полска и Унгарија поради наводно кршење на законските норми и човековите права во Унијата. Според Деметер, Унгарците и Полјаците се новите Евреи во Европа.

ЕУ се закани дека ќе ги скрати средствата за тие земји кои според неа не ги почитуваат демократските стандарди. Варшава и Будимпешта сметаат дека станува збор за одмазда поради фактот што двете земји не се секогаш подготвени да ги прифаќаат директивите од Брисел за кои сметаат дека го нарушуваат унгарскиот и полскиот начин на живот.

Иако многумина сметаат дека суштината на текстот на Деметер е во ред, сепак го ставаат во групата „контроверзни“.

Прашање е меѓутоа што е поопасно: контроверзноста ан зборовите на функционерот или делувањето ан Сорос.