• 19.04.2024 09:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ејми Коуни Барет – Жена со невидeни достигнувања, висок интелект и непопустлива лојалност кон уставот

Како поддршка за деновите против насилството врз жените, за овој ден Ви ја претставувамe Ејми Коуни Барет.

Родена е на 26 јануари 1972 година во Њу Орлеанс, Луизијана. Таа е адвокат, правник и судијка во Врховниот суд на Соединетите Американски држави. Ејми израсна во приградската заедница Олд Метари, каде доби католичко образование во основното училиште Свети Катерина од Сиена и Средното училиште Доминиканска Света Марија, каде беше именувана за потпретседател на одделението.

Барет се приклучи на редовите на Фи Бета Капа на колеџот Родос во Тенеси, дипломирајќи по англиска литература во 1994 година. Потоа таа дипломирала право на Правниот факултет  Нотр Дам во 1997 г.

По дипломирањето, Барет ја извршуваше службената должност за судијката Лоренс Силберман од Апелациониот суд на Соединетите држави за областа Колумбија, проследена со една година во истиот капацитет за соработник на Врховниот суд и конзервативната икона Антонин Скалија.

Барет се приклучи на престижната адвокатска фирма во Вашингтон, позната како “Милер, Касиди, Ларока и Левин” во 1999 г. По 3 годишен ангажман Берет се врати на Правниот факултет Нотр Дам како асистент – професор во 2002 година. На крајот стана член на факултет со полно работно време, позната по својата експертиза во предметите на федералните судови, уставното право и законското толкување.

Берет, исто така, започна да развива национален профил во текот на овие години за нејзините цврсти конзервативни и католички верувања. Во 2012 година, таа потпиша изјава со која го критикуваше мандатот на Претседателот Барак Обама за пристапна нега (АЦА) дека контрацептивните средства се опфатени со плановите за здравствено осигурување како „сериозно кршење на верската слобода“. Три години подоцна, таа потпишала писмо до католичките бискупи во кое наведе за „вредноста на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт“ и „семејството основано врз нераскинливата обврска на маж и жена“.

Во мај 2017 година, Берет беше номинирана од претседателот Трамп за место во Апелациониот суд на САД за седмиот круг, кој ги опфаќа Илиноис, Индијана и Висконсин. По големите кочници од страна на демократите поради нејзините католички убедувања таа на крајот беше потврдена во октомври 2017 година со предност од 55-43 гласови, додека  демократите Тим Кејн, Џо Манчин и Џо Донели беа едни од ретките демократи кои и дадоа поддршка.

На 26 септември 2020 година, претседателот Трамп ја номинираше Барет како замена за  неодамна починатата либерална судијка  Гинзбург пред Врховниот суд на САД, нарекувајќи ја Берет „жена со невидени достигнувања, висок интелект, одлични ингеренции и непопустлива лојалност кон Уставот“.

На 22 октомври, Комитетот за правосудство во Сенатот едногласно гласаше за унапредување на номинацијата на Барет во Врховниот суд, а на 26 октомври таа беше потврдена пред Врховниот суд со 52-48 гласа, со што се зацврсти конзервативното мнозинство на судот. Таа положи заклетва пред врховниот судија, Кларенс Томас.

Ејми Барет е силна жена, интелектуалец, непопустлива кон неправдата и прекршувањето на законите и уставот. Жена која е спремна да допринесе за подобра иднина, жена која изобилнува со инспирација и заслужува почит.