• 25.04.2024 05:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Кеј Колс Џејмс – Претседателка на Фондацијата Херитиџ, најголемиот конзервативен тинк-тенк во Америка

Како поддршка за деновите против насилството врз жените, за овој ден Ви ја претставувам Кеј Колс Џејмс. Голема републиканка и конзервативка од Соединетите држави и претседателка на Фондацијата Херитиџ.

Таа е родена во близина на градот Ричмонд, Вирџинија на 1ви јуни 1949 година. Дипломирала на Универзитетот Хемптон и е добитник на бројни почесни дипломи. Од неодамна таа е доктор на правни науки од Универзитетот Пепердин. Џејмс исто така е добитник на Наградата Публиус на Универзитетот во Вирџинија, а воедно е добитник и на наградата “Дух на демократијата” за лидерство во јавната политика од Националната коалиција за Афро-Американско граѓанско учество.

Џејмс служела на училишниот одбор во округот Ферфакс и на Одборот за образование на Вирџинија и на одборот за конзервативниот и евангелистички фокус на семејството. Таа исто така беше виш потпретседател на Советот за семејно истражување, конзервативна, христијанска десна група и лобистичка организација. Служеше и како извршен потпретседател и главен оперативен директор за партнерство на “еден за еден”, национална чадор организација за менторски програми.

Беше назначена од претседателот Роналд Реган и во иднина и од претседателот Џорџ В. Буш за член на Националната комисија за деца, советодавно тело за детски прашања. Таа во времето на Џорџ Буш исто така беше и соработник директор на Канцеларијата на Националната политика за контрола на лекови во Белата куќа и како помошник секретар за јавни работи на Министерството за здравство и човечки услуги на САД.

Во средината на 90-тите години, Џејмс беше декан на Факултетот за управување на Универзитетот Реџент во Вирџинија Бич, Вирџинија. Таа исто така служеше како секретар на Конвенцијата за Националната конвенција на Републиканците во 1996 година, која го номинираше Боб Дол за претседател. Подоцна ја вршеше должноста како директор на Канцеларијата на САД за управување со персонал од 2001 до 2005 година во администрацијата на Џорџ В. Буш.

На 4 ноември 2009 година, новоизбраниот гувернер Боб Мекдонел од Вирџинија ја прогласи за еден од копретседавачите на неговиот комитет за транзиција  и после тоа ја назначи за член на управното тело на Универзитетот на Вирџинија.На 19 декември 2017 година, Фондацијата Херитиџ, влијателен конзервативен институт за истражување на јавната политика со седиште во Вашингтон, објави дека Џејмс ќе биде нејзиниот шести претседател. Во 2018 година, таа беше номинирана од претседателот Трамп да служи како една од двата членови на Комисијата за стогодишнината за правото на глас на жени.

                Кеј Џејмс е уште една успешна жена,која служи за пример. Интелектуален пример кој треба да го следат и другите .