• 25.04.2024 09:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во октомври пониски цени на индустриските производи и на месечно и на годишно нивo

BySarissa Editor

Dec 10, 2020
the interior metal manufacturing daylight the view from the top

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во октомври се пониски за 0,8 отсто на месечно ниво, а за 1,6 отсто на годишно ниво.

Во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 0,6 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во октомври се пониски за 0,8 отсто на месечно ниво, а за 1,6 отсто на годишно ниво.

Според податоците на ДЗС, во октомври во споредба со септември годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, биле пониски во секторот Рударство и вадење камен за 3,2 проценти, во Преработувачка индустрија за 0,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 проценти.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври годинава во однос на октомври лани, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,5 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,2 проценти.