• 28.03.2024 23:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Неделна анализа на светскиот пазар!!

Business chart with glowing arrows and world map

Цената на суровата нафта малку се промени но ги потврди своите придобивки. ОПЕК и Русија се согласија за зголемување на производството од пола милион барели дневно од 1 јануари, што доведе до пораст на цената на нафтата. Сепак, Иран се подготвува да го зголеми произвдоството во идните месеци, со надеж дека новата американска администрација на Бајден ќе ги укине санкциите према оваа држава. Новите мерки против ковид во Калифорнија, Баварија и Јужна Кореја направија притисок врз пазарниот сентимент.

Пораст на еврото беше забележан во четвртокот, но истиот се повлече од највисоките нивоа кон крајот на денот. Eвропската Централна Банка објави дека каматните стапки ќе останат непроменети и дека ќе додаде 500 милијарди евра на својата програма PEPP . И двата потега беа телеграфирани и очекувани. Но, недостатокот на негативни изненадувања го крена еврото повисоко во однос на Гринбек. Француското индустриско производство за октомври се зголеми за 1,6%.

Британската фунта беше многу волатилна но барем ги потврди своите големи добивки. Значителните разлики за трите главни прашања – еднаквите можности и управувањето остануваат отворени, но британските преговорачи отпатуваа во понеделникот во Брисел за последна рунда на преговори, во обид да се постигне договорот. Премиерот Борис Џонсон ќе отпатува во Брисел во вторник пред почетокот на Самитот на ЕУ, кој ќе трае од 10 до 11 декември, но инвеститорите се се повеќе нервозни поради очекувањето дека Брегзит ќе остане без договор.

Јапонија го објави новиот економски стимул во вредност од 708 милијарди долари во вторникот, за да се забрза заздравувањето од падот предизвикан од пандемијата.

Пост-ковид оптимизмот и новата монетарна поддршка обезбедија поддршка, додека високата вредност и растот на бројот на инфекции и смртни случаи во САД и Европа извршија притисок.

Цената на златото се зголеми минатата недела. Падот на доларот и оптимизмот во врска со големиот фискален стимул во САД предизвикаа раст на жолтиот метал.