• 29.03.2024 09:08

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Институтот за македонска литература ја затвора 2020 со објава на неколку научни изданија

ByJane Jancheski

Dec 31, 2020

Институтот за македонска литература ја затвора оваа година со објавени два зборника на научни трудови и четири научни книги. Двата зборника на научни трудови се под наслов „Урбани културни идентитети – Скопје и Истанбул“ и „Mакедонскиот и српскиот роман на преминот во новиот милениум (споредбени аспекти)“.

Научните книги, пак, се насловени „Магичен реализам: нова објективизација на стварноста“ од Јасмина Мојсиева-Гушева, „За песните и приказните“ од Наташа Аврамовска, „Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)“ од Дарин Ангеловски и „Од Прличев до Конески“ од Славчо Ковилоски.

Повеќе информации околу овие изданија може да се најдат на следниов линк:

http://iml.edu.mk/index.php/izdanija/zbornici/609-urbani-kulturni-identiteti http://iml.edu.mk/index.php/izdanija/zbornici/608-zbornik-mk-srp

Институтот за македонска литература – Скопје е јавна научна установа која остварува научноистражувачка дејност и високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус, во областа на историјата и теоријата на македонската литература и култура, современите книжевни и културни процеси и нивните врски и влијанија со другите литератури и култури.


Основач на Институтот е Владата на Република Македонија. Институтот, својата дејност ја остварува како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во своето тридецениско работење, следејќи ги националните интереси и современите достигнувања на полето на науката за книжевноста, Институтот помина низ повеќе развојни периоди, кои се поврзани со напредувањето на кадровскиот потенцијал, со реализацијата на современи студиски програми за магистерски и докторски студии во областа на културолошките студии и македонската книжевност, со развојот на издавачката дејност, како и со организирањето значајни научни собири и воспоставувањето меѓународна соработка со сродни научни и високообразовни центри во регионот и пошироко.