• 29.03.2024 08:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ким Јонг-ун предупредува на хуманитарна криза

ByJane Jancheski

Apr 9, 2021

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ги повика граѓаните да се подготват за „тешка“ криза, по предупредувањата на групите за човекови права дека земјата се соочува со огромен недостиг на храна и економска нестабилност.

Говорејќи на партиска конференција, Ким се појави за да ја спореди денешната ситуацијата со неславниот смртоносен глад во 90-тите години на минатиот век кога поради падот на Советскиот Сојуз Северна Кореја остана без круцијална помош. Се проценува дека околу 3 милиони луѓе починале во тој период..

Северна Кореја минатата година ги затвори своите граници поради КОВИД-19 пандемијата и ја прекина трговијата со Кина, нејзиниот економски спасител. Земјата е исто така на врвот на постојните меѓународни економски санкции поради нејзината нуклеарната програма.

Лина Јун, истражувач од „Хјуман рајтс воч“, во неодамнешниот извештај рече дека се повикуваат на неименувани контакти во земјата дека „едвај има храна што влегува во земјата од Кина веќе скоро два месеци“. Специјалниот известувач на ООН за човекови права во Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана, предупреди минатиот месец во извештајот за „сериозна криза со храна“ што веќе доведе до неухранетост и глад.

Авторитарниот лидер во четвртокот ги повика партиските функционери да направат тешки одлуки за “барем малку да им помогнеме на лугето во тешкотијава“. Оваа недела, Ким ја предупреди земјата дека се соочува со „најлошата состојба досега“ и „ бројни предизвици “.

Со месеци има предупредувања дека народот на Северна Кореја се бори за живот.