• 27.03.2024 03:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Денес е Задушница – спомен за починатите

Byurednik

Jun 19, 2021

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Задушница, во знак на сеќавање на починатите.

Празникот Задушница секогаш паѓа во сабота и е ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница се оди во црква каде што се служи Литургија за упокоените и парастос. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон Бога за душите на покојните, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.

На овој ден сите заедно да се помолиме, за Бог да ги насели Неговите упокоени чеда во небесните дворови: Со светиите упокој ги Христе, душите на Твоите раби, таму каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен.