• 16.04.2024 03:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ден посветен на св. Наум Охридски

Byurednik

Jul 3, 2021

Денес православните христијани во Македонија принесуваат СЛАВА И БЛАГОДАРНОСТ НА БОГА и си спомнуваат со почит на Свети Наум Охридски Чудотворец, преку кој, БОГ ЈА ПРОЈАВУВАШЕ СВОЈАТА СПАСИТЕЛНА ПРОМИСЛА И ВИСТИНА.

Свети Наум бил средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Додека Свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото. Околу Свети Наум се собрало мноштво монаси од сите страни на Балканот. Бил мудар учител, единствен раководител на монасите, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно работел и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик.
Пред упокојувањето, на своите монаси им го дал својот Завет за да им помогне во нивното чекорење по патот кој води до Бога:
– Ќе ви оставам, браќа мои монаси, еден завет, навистина краток, но јасен, по кој и јас на Бога се молев и се трудев по него да живеам, а кој вам ќе ви биде од корист. Овој завет се состои само од четири збора, кои се многу лесни за да ги сфатите и разберете. Четирите зборови се: разбудување, покајание, очистување и причестување. Знајте и запаметете, браќа мои монаси, овие четири збора се четири скалила на патот кон спасението, и кој сака да биде совршен мора да ги помине овие четири скалила.