• 29.03.2024 12:28

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Гутереш: Светот се движи во погрешна насока, потребен е пресврт

Bysrs-editor

Sep 12, 2021

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека светот се движи во погрешна насока и дека сега е пресвртниот момент за промена во однесувањето без која би можел да следи колапс на глобалниот поредок и трајна криза.

Промената на постојниот курс може да значи пресврт кон поеколошка и побезбедна иднина, рече Гутереш во извештајот претставен пред Генералното собрание на ОН.

Тој рече дека државите и народите мора да ги напуштат денешните опасни трендови и да изберат „сценарио за пресврт“.

Светот е под „огромен стрес“ речиси на секој фронт, рече Гутереш, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот е „повик за будење“, бидејќи укажува на неуспехот на државите да се обединат и да донесат заеднички одлуки за да им помогнат на сите луѓе.

Тој посочи на растечката сиромаштија, гладот и родовата нееднаквост, како и екстремниот ризик од нуклеарна војна и климатска катастрофа за човечкиот живот и планетата.

Тој додаде дека нееднаквоста, дискриминацијата и неправдата ги наведуваат луѓето да протестираат „додека теориите на заговор и лагите поттикнуваат длабоки поделби во општествата“.