• 28.03.2024 12:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев: Истрагата за тетовската модуларна болница треба да утврди кој каква одговорност има

Истрагата за изгорената модуларна болница во која животот го загубија 14 лица не треба да се спречува и политизира, се со цел да се утврди кој каква одговорност има, истакна вечерва при своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 универзитетскиот професор Александар Нацев.

-Мора да се затвори целиот циклус, да се провери од почеток. Прво какви материјали се користени за изградба на болниците, бидејќи нели кога дојде пожарот, тоа е крајнатaа фаза. Ние сега треба да ја вратиме приказната назад, да видиме како настанал, затоа верувам дека експертиве ќе ни помогнат, точно да утврдат зошто толку брзо се проширил, но и да испитат како и на кој начин се правени тендерите, набавките. Од какви материјали се направени тие модуларни болници, и како што кажа професорот Дујовски доколку истрагата се прошири, таа не треба да се спречува, најмалку треба да се политизира, се со цел да се утврди кој каква одговорност има, истакна Нацев.