• 25.04.2024 16:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Иванов: Oва е најопасно време за Македонија по Втората светска војна

Bysrs-editor

Sep 27, 2021

Македонија е пред големи искушенија, ова е најопасно време по Втората светска војна, вели поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. 

Тој ги критикуваше договорите потпишани со Бугарија и Грција. 

„Македонската интелигенција јасно кажа кога почна обезличувањето на татковината, обезличувањето на Македонија. Тоа не е дело само на грчкиот договор од Преспа и договорот со Бугарија. Тој процес смислено почна да се реализира на десетгодишнината од македонската државност. Почна со Охридскиот договор, оцени поранешниот претседател Ѓорге Иванов, според кого ова е за земјава можеби најопасното време по Втората светска војна. Актуелната власт се пазари со оние кои го оспоруваат нашето постоење и самоопределување“, изјави Иванов.

Тој рече дека денешната власт не ја чита Мисирковата „За македонцките работи”, оценувајќи дека станува збор за страв „поради сопствената грижа на совеста затоа што е напакостено и испогането сè што било и ќе биде свето за Македонците и за Македонија”. 

Иванов имаше онлајн – обраќање пред научниот собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на МАНУ.