• 26.10.2021 07:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

И Македонија на листата – ЕУ планира укинување на безвизниот режим

Bysrs-editor

Sep 29, 2021

ЕУ Обсервер утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ.

Според документот во кој ЕУ Обсервер имал увид Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб.

Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците би можеле да и претстават проблем на Белгија каде ова лето рипнале барањата од Македонија. Белгија меѓутоа чека да види дали станува збор за изолиран феномен.

„Нерегуларните“ барања за азил од Грузија е зголемен за повеќе од 50 отсто.