• 29.03.2024 02:49

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Велешанка утрово си го убила невенчаниот сопруг, МВР со детали

Убиство рано утринава се случило во Велес. Полицијата денеска во пет часот, ја уапсиле 23 годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер.

Дел од медиумите објавија дека убиениот е полицаец.

-Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул. „Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќебидеподнесена соодветна пријава.