• 18.04.2024 15:34

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Кина најавува нова, помоќна вселенска технологија

Кина очекува да лансира нова генерација свои тешки ракети во 2028 година, доволно моќни за да пренесат вселенско летало до Месечината, соопшти денеска седиштето на Кинеската агенција за вселенска наука и технологија (СНТ).

Новата подвижна подлога за лансирање тешки ракети може да манипулира со вселенско летало со тежина од 15 до 50 тони и да го лансира на пат кон Месечината, изјави Лиу Бинг, заменик – главен конструктор во СНТ.

– Оваа рампа би била доволно моќна за да биде лансирана сонда со тежина од 12 до 44 тони на пат кон Марс, изјави Ли на големиот аеромитинг во јужниот град Жухаи, без да даде попрецизни податоци.

Кина се уште заостанува зад САД во технологијата и искуството со летови во вселената.

Последното слетување на модулот на екипажот на НАСА на Месечината беше во 1972 година, но се очекува американските астронаути да се вратат на Месечината до 2024 година.