• 20.04.2024 14:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Конзервативната партија „ЕКРЕ“ е најпопуларна партија во Естонија, според последните анкети

Bysrs-editor

Sep 30, 2021

Конзервативната естонска партија ЕКРЕ (Eesti Konservatiivne Rahvaerakond), е најпопуларната партија во Естонија, според последните анкети и истражување на јавното мислење во Естонија, со 24.6 % рејтинг меѓу граѓаните.

Силната реторика на ЕКРЕ ја подели Естонија откако партијата првпат влезе во Парламентот во 2015 година. Партијата се залага за укинување на законот со кој се признаваат истополовите граѓански заедници, бараше измени на законот за абортус и силно се спротивстави на квотите на Европска унија за прифаќање на барателите на азил.

Исто така, во 2019та година, многу врева во јавноста крена и изјавата на Претседателот на естонскиот парламент и член на ЕКРЕ, Хен Пилуас, кој изјави дека Русија би требало да ѝ ги врати на балтичката република наводно „анексираните територии“.