• 26.10.2021 05:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев од Варшава: Македонија мора да биде рамноправен одбранбен сојузник

Bysrs-editor

Oct 5, 2021

Универзитетскиот професор Александар Нацев учествува на Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржува денес и утре во полската престолнина.

На форумот учествуваат голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.

Во своите излагања и средби, Нацев ги потенцираше безбедносните и одбранбени интереси на Република Македонија, и оствари разговори со министрите за одбрана на Естонија, г-дин Кале Лаанет и Црна Гора, г-ѓа Оливера Ињац, како и со државниот секретар на романското министерство за одбрана, г-ѓа Симона Којокару.