• 26.10.2021 06:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Мигранти од Индија пронајдени кај Демир Капија, возачот удрил во полициско возило и избегал

Bysrs-editor

Oct 10, 2021

Мигранти биле пронајдени синоќа кај Демир Капија, возачот кој ги превезувал побегнал. Ова го потврди денеска за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, појасни Додевски.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.

-По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаде Додевски.