• 03.12.2021 16:49

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во Бугарија откриен еден од најголемите кибер напади

Еден од најголемите кибер напади во Бугарија е откриен од „Информативните служби“ во изминатите три дена, објави Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, овој напад бил причина за отежнатиот пристап до системот за издавање електронски сертификати за вакцинација против Ковид-19.

Според податоците, нападот од типот „одбивање на услугата“ дошол главно од компјутери во Русија, САД и Бразил. Сепак, имало проблеми и од Украина, Индонезија, Тајланд и Кина.

По стапувањето во сила на „зелениот сертификат“ во четвртокот, во утринските часови „Информативните служби“ го регистрирале најсериозниот напад во Бугарија. Денеска попладне е регистрирано најсериозното повлекување сертификати од електронскиот систем.

Во периодот од 20 до 22 октомври биле повлечени повеќе од 318.000 сертификати, а од функционирањето на системот на почетокот на јуни – околу еден милион и 270 илјади сертификати. „Информациските служби“ тврдат дека нема истекување на кориснички податоци во Бугарија.