• 19.04.2024 03:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Како би изгледала третата светска војна според експертите

Bysrs-moderator

Dec 31, 2021

Британскиот весник “Daily Mail” открил како, според мислењето на експертите, би изгледала третата светска војна.

Ставот на експертите е дека бојно поле на големите сили ќе стане, пред се, технологијата.

Како што се наведува во статијата, Министерството за одбрана на Велика Британија значително го намалило финансирањето на традиционалното оружје и се сконцентрирало на развој на вештачката интелигенција, сајбербезбедноста и другите области во ИТ индустријата.

Соговорниците на британскиот весник мислат дека во хипотетичка светска војна САД, Русија и Кина сигурно би користеле хиперсонични ракети кои се тешки за брзо откривање и соборување поради големата брзина.

Спротивставените држави, според медиумските наводи, во случај на голем конфликт би се обиделе меѓусебно да се лишат од комуникации и пристап до интернет.

За да го изведат тоа, мора да ги онеспособат прекуокеанските подводни комуникациски кабли и да тргнат во лов на вселенските сателити, истакнуваат експертите.

Во материјалот се додава дека масовен ракетен удар и “ослепување” на непријателот на мрежите би можеле да се одвиваат истовремено.