• 29.03.2024 09:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Денеска е 8-ми Март – меѓународен Ден на жената

Меѓународниот ден на жената се слави секоја година на 8 март како ден на меѓународно признавање на економските, политичките и социјалните достигнувања на жените.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД. Во 1910 г. во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по првпат бил прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замрело, но оживеало повторно во 1960-тите.

Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 март е прогласен за Меѓународен ден на жената.

Во декември 1977 година, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која 8 март го прогласи за Меѓународен ден на жената, првично избран за Меѓународен работен ден на жената.

Сариса ви го честита 8-ми Март – меѓународниот Ден на жената