• 16.04.2024 07:54

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Саем на книгата од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“

Од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ ќе се одржи 34. издание на Саемот на книга, во редовниот, пролетен термин на одржување. Настанот е под покровителство на Министерството за култура кое традиционално ја поддржува културната манифестација.

Организаторите соопштија дека сите значајни издавачки куќи најавиле дека ќе се претстават со нивните најнови наслови, односно изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Истовремено, учество најавиле и издавачки куќи од регионот.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, организаторите велат дека се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.