• 29.03.2024 10:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Одбележан 7 мај – Ден на македонската полиција

Во чест на 7 мај 1903-та и Смилевскиот конгрес на ТМОРО со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај.

Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 мај.

Делегации од Министерството за внатрешни работи положија свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите и починатите припадници на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР: на споменикот пред зградата на граничната полиција, во полицискиот центар „Ѓорче Петров”, во паркот „Жена борец“, во базата „Брест“ и во касарната „Илинден“.