• 20.04.2024 11:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

НАТО започна вежба во Балтичкото Море, учествуваат Шведска и Финска

НАТО ја започна поморската вежба во Балтичкото Море, која ќе трае речиси две недели, а во неа ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји, како и земји кои аплицирале за членство во Алијансата, меѓу нив и Шведска и Финска, јавуваат медиумите во светот.
Годишната поморска вежба „BALTOPS 22“, започната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, но според АП, Организацијата на Северноатлантскиот договор рече дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зголеми отпорноста и силата во непредвидлив свет“.

Американскиот генерал Марк Мили, командант на Здружените сили на САД, рече дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Тој вели дека од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе биде многу проблематичен и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „BALTOPS 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.