• 26.03.2024 11:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

“Битка на бендови”

ByJane Jancheski

Jun 15, 2022

“Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода. Објавен е јавен повик, на кои можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.

Оптина Кисела Вода

Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на Општина Кисела Вода.

“Битка на бендови” е настан кој Општина Кисела Вода за првпат го организира и кој има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.  

Огласот е отворен и трае до петок, 17.06.2022 година и заедно со сите критериуми и услови е достапен на општинската веб страница