• 25.04.2024 08:32

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Мицкоски: Мора да ја сочуваме Македонија, овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 32 години од формирањето на партијата и 129 години од создавањето на историското ВМРО.

,,Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чии код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија.
Благодарност на основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат.
Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни победнички патеки и заедно со народот повторно се крева и кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижување, со сиромаштија, одрекување и порекнување, ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест, со целото мое срце.
Како дел од таа приказна на почитувани и вреднувани, испраќам порака на обединување против лошата власт и Владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе.
Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија.
Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени, пред Владата на Република Македонија.
Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија.
Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!”