• 18.04.2024 16:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Вечерва пред Владата спонтан граѓански протест против францускиот предлог

Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии и група граѓани на социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да излезат и да го изразат своето незадоволство и револт од антимакедонскиот предлог на Франција за решавање на спорот со Бугарија вечерва пред Владата во 19 часот.

Бидејќи е јасно што ќе ни донесе утрето во Брисел, бидејќи ќе дозволиме со декларација да бидеме „дијалект на бугарскиот народ“, бидејќи не смееме да прашаме како се чувствуваат Македонците во Бугарија додека тука допрва ќе трпиме условувања за отворање и вметнување во Устав, па уште и ќе треба да сме доволно фини за да ги задоволиме соседите да се сме смилуваат да го тргнат ветото… Бидејќи ќе дозволиме да ги промениме учебниците по историја и ќе се правиме на три и пол дека Бугарите не биле фашисти, бидејќи по не знам кој пат ќе треба да плукнеме на се што ни оставиле нашите ни дедовци, бидејќи ми е преку глава да слушаме исфилувани памфлети дека ова е за мир во куќи, јас вечерва во 19 часот ќе излезам пред Влада за да кажам – ДОСТА Е и не се согласувам да се носат срамни одлуки! Барем тоа можам ко граѓанин да го направам. Бујрум.

Пишува Александра Теменугова од ИКС во својата фејсбук објава

Дел од граѓаните, на социјалните мрежи, веќе најавија дека ќе бидат дел од граѓанскиот собир пред Влада каде ќе им кажат „не“ на деструктивните политики.

Меѓу граѓаните кои ја изразија својата поддршка кон протестот е и адвокатот Тони Менкиноски кој што преку фејсбук статус ја изрази својата поддршка кон протестот и ги повика граѓаните да се приклучат на протесниот собир.

Вечер во 19:00 пред Влада!
Затоа што Македонците не се Бугари!
Затоа што Македонија не е Бугарска!
Затоа што Македонскиот јазик не е дијалект на Бугарскиот!
Затоа што МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!

Пишува адвокатот Менкиноски во својата фејсбук објава