• 25.04.2024 10:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

НАСА за прв пат лансираше ракета од комерцијална база во Австралија

Американската вселенска агенција (НАСА) за прв пат лансираше ракета од комерцијална база надвор од територијата на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

НАСА утринава лансираше тројна ракета од вселенскиот центар Арнем, на северот на Австралија. Така, Арнем влезе во историјата како прво место за лансирање на ракети на НАСА од комерцијална вселенска база надвор од САД, пренесува Би-Би-Си.

НАСА објави дека лансирањето ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера. Научниците веруваат дека лансираните ракети ќе им помогнат да го проучат ефектот на ѕвездената светлина врз способноста за живеење на блиските планети.

Вселенскиот центар Арнем е познат како прво и единствено комерцијално управувано екваторијално лансирање.

– Имавме извонреден успех и оставивме голема трага во австралиската вселенска авантура – изјави Мајкл Џонс, извршен директор на центарот.