• 18.04.2024 20:42

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Романија дели бесплатни таблети калиум јодид за граѓаните во случај на нуклеарна несреќа

Таблетите калиум јодид ќе бидат дистрибуирани неделава за граѓаните во Романија, јавија романски медиуми.

Шеесет и пет милиграми калиум јодид ќе треба да се земе при случај на нуклеарна несреќа, но, само според упатството на властите во Романија.

Таблетите и информации за нивна правилна употреба ќе бидат достапни бесплатно во аптеки низ државата. (МИА)