• 19.04.2024 18:49

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Сметките струја повисоки и за 50 отсто: Утре одлука за тарифите за струјата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите тарифни блокови за потрошувачката на електрична енергија, дознава Алсат.

Според извори од регулаторна, од првично најавените нивоа на промени, зголемени ќе бидат вториот и третиот тарифен блок. Тие првично беа најавувани дека ќе бидат до 420 односно 630 потрошени киловат часови, но со планираните измени тие ќе бидат над 420, односно 630 киловати.

Надлежните уверуваат дека над 80 отсто од домаќинствата ќе имаат пониски или идентични сметки за струја како и досега. Но, оние кои ќе влезат во третиот блок или ќе го надминат, би можеле да имаат сметки повисоки и за 50 отсто од сегашните, објави Алсат.