• 28.03.2024 21:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Градинарството е важно за детскиот физички, емоционален и социјален развој

ByJane Jancheski

Jun 29, 2022

Наставник Гоце Бумбароски:

Живееме во ера во која животот на децата е сведен на постојано седење и слаба физичка активност, ера кога драматично се зголемува телесната тежина кај децата. Училишните градини ја поддржуваат и поттикнуваат здравата исхрана како клучна компонента на здравата физичка благосостојба на децата, што може да помогне на нивниот училиштен и социјален успех. Училишните градини можат да поттикнат здрави навики во исхраната и можат да дејствуваат како одмор на отворено за децата кои растат и се развиваат во урбаните средини, вели наставникот Гоце Бумбароски

Бројни се придобивките кои ги добиваме од растенијата, но и од грижата за нив. Градинарството носи многу придобивки за менталното здравје. Од намалување на стресот, изолацијата и депресијата до подобрување на имунолошкиот систем“. Секој од нас знае растенијата се природните чистачи на воздухот.

Според Гоце Бумбароски, важноста на градинарството не може да се потцени затоа што придонесува за зачувување на инсектите и биодиверзитетот. Покрај придобивките од животната средина, градинарството има голем ефект врз децата и учениците од раните години, бидејќи тие поминуваат низ физички, емоционален и социјален развој. Постојат неколку начини преку кои градинарството ќе им користи на учениците од нови вештини до подобри вештини и перформанси: физичка активност, одговорност и независност, самодоверба, тимска работа и комуникација, здрав начин на живот, свесност за животната средина.

Грижата за растенијата е одличен пример кој помага и за детскиот развој. Низа истражувањата кои ги анализирале ефектите на образовните програми кои вклучиле градинарство во училиште, покажале дека децата кои биле дел од ваквите програми, покажале поголема склоност кон консумирање овошје и зеленчук.

Наставникот Гоце Бумбароски, смета дека градинарските зачини, како и плевење и наводнување на растенијата и зеленчуците, се шанса учениците да ги користат виталните моторни вештини. Исто така тие преку таа активност ќе промовираат и одговорност. Гледајќи ги плодовите од нивниот труд, постигнувањето на целите, им овозможуваат на учениците да станат посамоуверени, поотпорни и независни. Бидејќи гледаат како нивната материјална работа се материјализира, особено кога се во можност да уживаат во храната што самите ја одгледале.

Истражувањата откриваат и други придобивки: кога децата одгледуваат сопствена храна, тие развиваат таканаречена „емпатија за храната“, подлабока врска со храната, за што е докажано дека води кон поздрав живот. Децата со ваков вид емпатија имаат подобра исхрана, јадат повеќе зеленчук и овошје и имаат подобро разбирање за храната и исхрана.

Работата во градината бара физичка активност., вели наставникот Бумбароски. Со тоа се подобрува циркулацијата, се затегнуваат мускулите на телото, коските зајакнуваат, сонцето и ветерот нè прават посилни и поотпорни. Грижата, социјализацијата и комуникацијата со луѓето не прават емотивно зрели и духовно стабилни. Нешто што е многу важно во нашиот живот. Учениците да комуницираат и да работат тимски, за да постигнат заедничка цел. Ова може да доведе до нивно развивање на ценење и почитување еден кон друг. Тимската работа може да е практикува од самата подготовка на жандињерите па се до берба и консумирање на плодовите. Секој тим може да превеземе одговорност, за дел со различен вид зеленчук. Градинарството е одлична можност за отворени и опуштени дискусии во училиштата помеѓу наставниот кадар, додава Бумбароски.