• 19.04.2024 03:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Институт САРИСА: „Европеизација ДА, бугаризација НЕ!“

Реакција на Институтот за конзервативни политики САРИСА во контекст на најновите случувања со предлогот за симнување на ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ!

Европеизација ДА, бугаризација НЕ!

Затскриено позади корисните препораки за напредокот на државата, се крие бугарската желба за влез на Бугарите во македонскиот Устав. „За да оди напред кон ЕУ, Република Македонија ќе треба целосно да ги прифати и спроведе реформите во основните области на владеењето на правото, особено судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал, основните права, зајакнувањето на демократските институции и реформите на јавната администрација, како и економските критериуми. Притоа, посебно внимание треба да се посвети на заштитата и недискриминаторскиот третман на граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците“.Понатаму се нагласува уште еден унилатерален услов за почитување на договорот за добрососедство, каде се нагласува само улогата на Македонија, а се занемарува бугарската. „Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Република Македонија треба да продолжи конструктивно да се ангажира во инклузивна регионална соработка и да ги зајакне односите со соседните земји. Денеска потсетуваме на важноста од постигнување опипливи резултати и со добра волја имплементираме билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија“. Овој услов е влезен и во преговарачката рамка. „…Посветеноста на Република Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување опипливи резултати и спроведување со добра волја билатералните договори..“. Тука не смееме да заборавиме дека овој услов не е само споменат во воведната изјава, туку е влезен и во преговарачката рамка која безусловно мора да се исполни.Во преговарачката рамка се потенцира дека преговорите за членство во ЕУ ќе се базираат врз македонските заслуги поврзани со реформите и напредокот на државата. Овој услов сам по себе е валиден. Но, она што сигурно се очекува се сопките од страна на Бугарија во текот на целиот процес и поставување на крајно неприфатливи услови за Македонците. „Преговорите ќе се засноваат на сопствените заслуги на Република Македонија и темпото ќе зависи од напредокот на Република Македонија во исполнувањето на барањата за членство… По својата природа, преговорите се отворен процес чиј исход не може да се гарантира однапред“.Со овој документ владата го залажува народот дека преговорите за членство во ЕУ ќе започнат веднаш. Преговорите би почнале по министерската конференција и по измена на Уставот. Со овој услов пак се задоволува бугарско барање, а преговорите би започнале ако и само ако Бугарија се согласи на тоа. Во меѓувреме нема ниту една гаранција дека Бугарија нема да го опструираат отворањето на преговорите дури и ако Бугарите влезат во Уставот на Македонија. Уште еднаш се повторува непромисленоста на владата како со Преспанскиот договор. Не се зема во предвид заштитата на македонскиот јазик, македонската историја, македонските традиција и културно богатство, туку се прифаќа предавнички договор за собирање на политички поени и задржување на функционерската фотеља. Со потпис на ваков документ се прифаќа отворање на преговори, но се заборава затворањето.Во врска со македонскиот јазик, ЕУ само ги “забележува” унилатералните декларации на двете земји. Со овој документ македонскиот јазик ниту се заштитува, ниту се гарантира дека Бугарија нема да не условува со нови максималистички и иредентистички барања. „Во однос на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Република Македонија за македонскиот јазик“.Со членовите 13 и 14 од преговарачката рамка Бугарија има право да стави вето за се она што го смета за недоволно и неправилно исполнето од македонската страна. Ова задира во ревизија на историските учебници, традиционалните песни, културата и јазикот. Ако се прифати овој член тогаш можеме да се простиме од Гоце Делчев, Јане Сандански, Цар Самоил, и сите македонски херои, фашистите ќе се претворат во администратори и секоја песна ќе биде бугарска препеана на западно бугарски дијалект. „Во случај на сериозно и постојано кршење од Република Македонија на вредностите на кои е основана Унијата, Комисијата може, по своја иницијатива или на соодветно мотивирано барање на земја-членка, да препорача прекин на преговорите и да ги предложи условите за евентуално продолжување“.Затоа мора да кажеме одлучно и гласно НЕ!!! НЕ за францускиот таканаречен модифициран предлог и НЕ за бугаризација на Македонија. ДА за Македонија членка на ЕУ, но со главата гордо горе како Македонци, кои говорат македонски јазик и имаат своја македонска култура, историја, традиција и уметност.