• 03.06.2023 20:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Прилеп ли е? Бронкс ли е? Синоќа во Прилеп гореше уште еден автомобил. 4-ти по ред овој месец

ByJane Jancheski

Jul 21, 2022

После автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец”, автомобилот на вработен во локалната самоуправа и автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, синоќа во Прилеп настрада уште еден автомобил.

Како што дознаваме непознат сторител сега го запалил автомобилот на раководителката на Секторот урбанизам во општина Прилеп, Васе Н.

Сите овие немили настани се случуваат во помалку од месец дена.

Полека но сигурно Прилеп стана еден од нај небезбедните места за живеење на балканот. Во Прилеп народот е револтиран од игнорантскиот однос на власта кон повиците на градоначалникот и населението за смена на командирот на полициската станица.