• 27.03.2024 22:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Прилеп – Градоначалникот Јовчески со најголема доверба меѓу сограѓаните

ByJane Jancheski

Jul 25, 2022

Еве зошто најголемиот дел од прилепчани, веруваат во градоначалникот Јовчески.

Според анализите и проектите, градоначалникот Јовчески е досега најуспешен градоначалник на општина Прилеп, и покрај сите препреки, блокади… Дека е најдобар, тоа го потврдуваат фактите, проектите, а пред се неговата отвореност кон неговите прилепчани. Имено, за сето ова претходно наведено, не говорат само проектите и реалните бројки, туку и неговата блискост и соработка со неговите прилепски граѓани.

Врз основа на сите информации, каде и да се појави Јовчески, секаде е искрено пречекан и поздравен од неговите прилепчани. Во Прилеп се зборува, дека дури и “оние кои не гласале за него на последните локални избори, веќе веруваат и го поддржуваат него”, бидејќи за прилепскиот градоначалник Јовчески зборуваат факти, бројки и реални проекти. Благодарение на него и неговиот тим, Прилеп се движи во еден модерен-европски правец, онака како што навистина заслужуваат прилепските граѓани, а воедно и самиот град Прилеп, градот под Марковите Кули, градот кој што како нем сведок говори за прилепската историја низ вековите.

Превземено од “STANICA.MK”

Тимот на “SАRISSA.NEWS” лично се увери и најсрдечно Ви препорачува ова лето да го посетите Прилеп, градот кој што после 4 години, започнува да го враќа оној препознатлив сјај.