• 29.03.2024 05:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Во Албанија откриени 45 украдени православни икони од Македонија

Откриени 45 украдени икони во Албанија за кои се тврди дека припаѓаат на Македонија. Идентификацијата на иконите ја врши тим од Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство во соработка со тимови од соседна Албанија. Ова е втор случај, откако успешано беа вратени 25 украдени икони пронајдени на албанска територија.

Пред десетина години во акцијата на албанската полиција беа откриени над илјада артефакти, од кои е утврдено дека дваесетина се од македонските цркви. Од вкупно 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети од средниот век запленети во акцијата „Икона“, потврдено е дека 21 икона припаѓаат на македонските цркви и манастири. Ова стои во Извештајот подготвен од албанските експерти по иконографија. Меѓу нив има дела на Дичо Зограф, иконостас со икони од свети Јован, свети Петар; Исус Христос, свети Павле, свети Лука, свети Јаков, свети Тома од 19 век.