• 25.04.2024 18:16

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„РУДАР РОК ФЕСТ 2022“ Пробиштип – објавен е датумот и групите кои ќе настапат

Bysrs-editor

Jul 29, 2022

По неколку години пауза, повторно ќе се одржи култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип. Овој фестивал, кој за првпат се оддржа 1997ма година, е еден од најпрепознатливите музички фестивали во источна Македонија, и кој се оддржува традиционално за Денот на рударите. Годинешното издание обединува неколку различни рокенрол групи, кои негуваат различни стилови и кои треба да ја збогатат гордата традиција на овој фестивал.

Во продолжение Ви ја пренесуваме целосната најава на организаторот, а повеќе информации може да се добијат и на официјалниот линк на фестивалот.

„Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата. Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани.
ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа нѝ е потребен РУДАР-РОК ФЕСТ.
Оваа година на рок концертот ќе настапат неколку групи:
– Крпен Живот
– Последен удар
– Station : Innermost
– Eruption
– Conspiracy
Среќно!“