• 18.04.2024 02:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Српските медиуми пренесуваат: Доаѓаат 30.000 работници од Македонија и Албанија, платата е двојно поголема

„Спас за Србија!“ Од септември доаѓаат 30.000 занаетчии, лекари и медицински сестри од Македонија и од Албанија“, „Платата во Србија е двојно поголема“.

Ова се дел од насловите што осамнаа на некои од српските медиуми, а во текстовите стои дека од септември можноста за работа без дополнителна документација, работна виза или посебна дозвола ќе ги искористат илјадници Македонци и Албанци со што ќе се реши проблемот на недостаток на работна сила во одредени гранки во Србија.

Од македонската Влада пак, велат дека неосновано се стравува за губење на медицински персонал. Во однос на информациите дека Србија очекува 30.000 Македонци и Албанци како работна сила, оттаму за Канал 5 коментираат оти не смее да се шпекулира со помпезни бројки и квоти за кои не постои аналитичка поткрепа. Од Владата велат и дека

-Постојат дејности како што е туризмот во кои ќе се влева работна сила од соседните Албанија и Србија, а секако дека ќе имаме и примери и во обратен правец. Овој проект носи натпревар во квалитет, но носи и раст на платите, нови можности и размена на искуства. Договорот за слободен пристап важи само за приватниот сектор, оттука стравувањето за наводно губење на медицинскиот кадар од земјава е неосновано.- Влада.

Сепак, иако иницијативата „Отворен Балкан“ е добра оти отвора огромен број на можности, според универзитетскиот професор по трудово право, Лазар Јовевски, проблемите од неа во делот на пазарот на трудот, најмногу ќе има токму Македонија, но и Албанија.

Ова драматично негативно ќе се одрази на македонскиот пазар на труд.

Не е невозможна мисија да се реши проблемот, вели професорот Јовевски, кој појаснува – треба да има мерки кои ќе ги стимулираат младите назад, но мора да се промени и атмосферата во Македонија.

Од година на година мајстори и занаетчии има се помалку, па сега ако Ви се расипе бољерот дома, може и со месеци да барате занаетчија што ќе се согласи да го поправи. Проблемот со недостаток на кадар во медицината пак, веќе е како хронична болест. За поголеми плати претходно се напушташе јавното здравство, па огромен број на работници преминаа во приватните болници. Понатаму, најчесто лекарите заедно со се семејствата, билет во еден правец купува за Германија. Дури и за време на пандемија, само од градската општа болница, за две години, си заминале 30 медицински сестри.

Курир