• 28.03.2024 13:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

САД ќе го назначат првиот амбасадор за Арктикот

Bysrs-moderator

Aug 28, 2022 #сад

САД планираат да назначат амбасадор за Арктикот, поради зголемената руска воена активност во регионот, јавува денеска Би-би-си.

„Патувачкиот амбасадор“ ќе биде назначен за унапредување на американската политика во поларниот регион на северниот дел на планетата, најави првиот заменик портпарол на Стејт департментот, Ведант Пател.

Во петокот, генералниот секретар Јенс Столтенберг предупреди на заканите од Русија во северните поларни региони и изрази загриженост дека Кина може да дојде на Арктикот. Новиот амбасадор ќе работи со седум други арктички држави – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и Русија – како и со домородните групи и други сопственици на земјиште, додаде Пател.

Тој додаде дека мирот и стабилноста во регионот се од суштинско стратешко значење за Америка и приоритет за американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен е тој што наскоро ќе го именува амбасадорот, а потоа таа одлука треба да ја одобри Сенатот.

Со воведувањето на амбасадорот за Арктикот, ќе биде сменет досегашниот американски координатор за Арктикот, дипломатот Џим Дехарт.