• 28.03.2024 16:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Хил: Отворен Балкан е ефикасна алатка за зближување на државите

Регионалната иницијатива Отворен Балкан е ефективна алатка за земјите да ги користат границите со цел да за да се зближат, а не да се делат, порача на Твитер американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, пред самитот Отворен Балкан во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Хил, како одговор на прашањето поставено до него преку Твитер, дали Отворен Балкан е исклучок во рамките на координираните настапи и комплементарни интереси на САД и клучните европски земји на овие простори и дали САД сметаат дека овој проект може да заживее и без поддршка од ЕУ и од клучните членки на ЕУ, рече дека е важно што идејата за ОБ дојде од самиот Балкан, а не е наметната од некои странски влади.

– Навистина се работи за тоа земјите од Балканот да бараат начини за подобра соработка. Мислам дека тоа е многу ефикасна алатка за земјите да ги користат границите за да ги зближат, а не да ги делат, така што американската влада и јас го поддржуваме тоа, рече Хил во видео – порака.

Американскиот амбасадор во Белград истакна дека Отворен Балкан, исто така, им помага на земјите да постигнат договори, од намалување на метежот на границите до овозможување дипломи да се прифатат во различни земји.

Тој додаде дека иницијативата Отворен Балкан е пример за нови форми на соработка. Како што рече, сосема е јасно дека иднината на земјите од Отворениот Балкан е во Европска Унија.

– Мислам дека Отворениот Балкан ќе и помогне на ЕУ и ќе донесе решение, а не проблеми, заклучи Хил.