• 04.02.2023 22:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Директорот на ДБКИ Стојан Славески под истрага за земање мито?

Bysrs-editor

Sep 1, 2022
Пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки во свој статус го прозива директорот на Дирекцијата за безбедност на калсифицирани информации (ДБКИ) да одговори дали против него се води истрага за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати. Во своето обраќање, Ковачки јавно го повикува Славески да одговори дали против него е покренато обвинение и да се изјасни дали имало злоупотреби и при издавањето на безбедносните сертификати? Инаку, Славески е познат во јавноста по низа скандали кои го обележаа неговото директорување во ДБКИ, како на пример луксузирањето со купување службени џипови и нивно користење за приватни потреби, за вработување на лица во ДБКИ без безбедносни сертификати, издавање сертификати за еден ден на новинари блиски до власта, како и низа безбедносни пропусти во неговата работа.