• 26.03.2024 14:17

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Американците го слават Денот на трудот

Американскиот претседател Џо Бајден денес отпатува за Висконсин и Пенсилванија за да учествува во прославите за националниот празник Денот на трудот.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе одржи говори и во Милвоки, Висконсин и во Питсбург, Пенсилванија за да го истакне „достоинството на американските работници“.

Претседателот во неделата ја истакна својата поддршка околу мерката во сојузната држава Калифорнија која ќе им даде на земјоделските работници повеќе начини околу синдикалните избори.

„Владата треба да работи на отстранување, а не на подигнување на бариерите за организирање на работниците. Но, на крајот работниците мора да направат избор дали да организираат синдикат“, рече Бајден.

Законодавниот дом на Калифорнија го одобри нацрт-законот, кој ќе им дозволи на работниците да гласаат во синдикатот по пошта. Но, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се спротивстави на мерката во нејзината сегашна форма, при што портпаролот ја наведе загриженоста дека системот не е тестиран и нема неопходни чекори за заштита на изборниот интегритет.

Празникот во чест на работничката класа во Соединетите Држави за прв пат беше прославен во 1894 година и вклучува паради и други настани во градовите низ целата земја.

Денот на трудот, исто така, претставува неофицијален крај на летото и последниот продолжен викенд за луѓето кои патуваат како и многуте деца кои треба да ја започнат својата учебна година.

Глас на Америка