• 20.04.2024 02:37

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На dark web кружат компромитирани податоци, проверите дали вашите податоци се компромитирани

Нашите лозинки и податоци не се 100% безбедни и секогаш постои ризик од нивно компромитирање преку директни напади на профилите или онлајн сервисите кои складираат кориснички податоци. Поради ова, корисниците се охрабруваат да ги искористат предностите на менаџерот за лозинки и да користат автентикација во два чекора.

Една од најголемите грешки што ја прават корисниците е брзо внесување лозинка, а хакерите го следат тоа, па се случува да имаат свои бази на податоци со лозинки кои корисниците најчесто ги користат.

Така, на dark web се појави листа на лозинки кои корисниците најчесто ги користат.

Dark Web е најдлабокиот и најцрниот дел од интернетот. Често за него се врзуваат негативни конотации, како поради името „Dark“ така и поради фактот дека често се користи за илегални цели. Тоа е дел од интернетот кој се состои од веб страници кои постојат единствено во мрежите кои се криптирани и кои не можат никако да се пронајдат со генерално пребарување и со стандардни пребарувачи како Google.

Ова е листа на 20-те најчести лозинки:

  1. 123456
  2. 123456789
  3. Qwerty
  4. Password
  5. 12345
  6. 12345678
  7. 111111
  8. 1234567
  9. 123123
  10. Qwerty123
  11. 1q2w3e
  12. 1234567890
  13. DEFAULT
  14. 0
  15. Abc123
  16. 654321
  17. 123321
  18. Qwertyuiop
  19. Iloveyou
  20. 666666

Ако користите некоја од овие лозинки, треба да ги промените, бидејќи постои можност вашиот кориснички профил да е компромитиран

Дали вашиот профил или пасворд е компромитиран може да провелите многу едноставно на веб страната ,,Have I Been Pwned”, алатката е сосема безбедна за употреба, податоците не се складираат во базата на податоци, што го намалува ризикот од понатамошно компромитирање.

Have I Been Pwned е сигурен сајт лансиран во 2013 година од Трој Хант, регионален директор на Microsoft. Популарен е во светот на сајбер безбедноста за откривање упади, кражба на податоци и едукација на технолошки професионалци, а со детали за речиси 11 милијарди компромитирани профили, неговата алатка е најпопуларниот начин да откриете дали вашата лозинка е сè уште безбедна. Исто така страницата има и други одлични алатки за проверка на безбедноста. На пример, „Pwned Passwords“ им овозможува на корисниците да ја внесат само својата лозинка и да проверат колку пати е украдена.

Користењето е многу едноставно и бесплатно. На страницата внесете ја вашата адреса за е-пошта или телефонски број (со регионален код). Во рок од неколку секунди, ќе ги дознаете деталите за сите прекршувања на приватноста каде што вашите податоци се компромитирани.