• 26.04.2024 01:17

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На студиите по македонски јазик и книжевност се запишале само 16 студенти, а имало 190 места

Поразителни се бројките од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ по првиот уписен рок за студенти за новата академска година, пишува „Фокус“.

На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студенти. Осуммина се запишани на Македонски јазик и седуммина на Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, како и еден вонреден студент на отсекот за книжевност.

На објавениот конкурс, во овие две насоки имало 190 слободни места.