• 25.04.2024 17:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Скандалозното однесување на директорот на ДБКИ, Стојан Славевски, продолжува

Bysrs-editor

Sep 13, 2022

Пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки, во свој статус го прозива директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), Стојан Славески, да одговори дали наместо да се јави на поканата кај јавен обвинител за случај за кој постои сомнеж за корупциско однесување, деновиве е отиден на шетање во Данска, со цел да го избегне одењето во Обвинителство?

Во својот пост, пратеникот ја објавува и авионската карта на која јасно се гледа дека Славески е отсутен токму во терминот на кој треба да се јави во обвинителство, па се поставува прашањето дали директорот сака да ја развлече постапката и да почека да се смири скандалот за кој беше јавно прозиван и од медиумите и од јавноста пред 10тина дена? Имено, пред 10тина дена, Ковачки го повика Славески да одговори дали против него се води истрага за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати.

 Инаку, Славески е познат во јавноста по низа скандали кои го обележаа неговото директорување во ДБКИ, како на пример луксузирањето со купување службени џипови и нивно користење за приватни потреби, за вработување на лица во ДБКИ без безбедносни сертификати, издавање сертификати за еден ден на новинари блиски до власта, како и низа безбедносни пропусти во неговата работа.