• 04.02.2023 23:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава – сите што се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште на СДСМ Арачиново.

„Почитувани сонародници, ги повикуваме сите штосе пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидати, да се јават кај раководителот на разгранокот Арачиново или кај членовите на раководството на разгранокот на СДСМ Арачиново“, стои во соопштението

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција вечерва оцени дека ова е дебакл и срам за Армијата, но и срам за НАТО.

„Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ги посрамоти и АРМ и НАТО. Но, ова е и работа што не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив. Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно ги загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на алијансата. Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш“, рече Стоилковски.