• 29.03.2024 06:46

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

СЛОВЕНЕЧКАТА ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА ЈОВЕВА ВО СТРАЗБУР: Да престанат лажните и празни ветувања од ЕУ за земјите од Западен Балкан

вропратеничката Ирена Јовева, претставник на Република Словенија во Европскиот парламент (Движење Свобода-Ренесанса), на денешната седница на Европскиот парламент во Стразбур на тема „Односите ЕУ-Западен Балкан во светло на новата пакет за проширување“, повикада престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Цитирајќи го колективот Дубиоза дека празните ветувања се најдобрата реклама, таа ги повика земјите-членки на ЕУ и колегите претставници да престанат да даваат лажни и неисполнети ветувања и да се држат до она што им го ветиле на земјите кандидати.

Дополнително, според Јовева неопходно е да се биде подеднакво строг дома, во Европската Унија, кон земјите-членки кои се оддалечија од владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права и демократските вредности.

„Драги пријатели, вие припаѓате овде заедно исто колку и сите ние“, заклучи Јовева.

На дебатата учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претставници на политички групи.