• 04.02.2023 21:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Шест Македонски здруженија од Балканот потпишаа декларација за правата на Македонците од цела Македонија

Bysrs-editor

Nov 9, 2022

Шест здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово во неделат во во Штип потпишаа декларација „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија”, во рамки на Семакедонскиот собир организиран од штипското Здружение „Мирка Гинова”. На собирот беше констатирано дека Бугарија троши големи пари за пропаганда и асимилација на Македонците кои живеат надвор од македонската држава.

Во рамки на собирот беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од американските архиви за постоење на Македонците во 19 и 20 век. Истражувањето на архивите низ светот од страна на историчарот и пратеник Собранието во Албанија, Васил Стерјовски, резултираа со илјадници документи од печалбарите кои мигрирале во САД.