• 29.03.2024 12:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

ЕУ донесе одлука: Хрватска влегува во шенген зоната, Романија и Бугарија не

Министрите одлучија Хрватска да стане членка на Шенген, пренесуваат хрватските медиуми
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната го отфрлија приемот на Бугарија во Шенген, јавуваат бугарските медиуми. „За“ таквата одлука гласале 25 министри, а против биле двајца.

Министрите одлучиле и Романија да не добие зелено светло за влез во Шенген зоната.

Холандија претходно најави дека ќе го блокира приемот на Бугарија во зоната. Холандската администрација донесе одлука да го поддржи пристапувањето на Романија и Хрватска во Шенген, притоа блокирајќи ја Бугарија.

Против пристапувањето на Бугарија и Романија претходно се изјасни Австрија.

Како што рече австрискиот канцелар Карл Нехамер, во Австрија има 75 000 нерегистрирани илегални мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската Унија и завршиле во внатрешна земја како Австрија. Мораме прво да одговориме на овие безбедносни прашања, нагласи Нехамер.

Министрите на земјите-членки на ЕУ одлучија Хрватска да стане членка на Шенген, пренесуваат хрватските медиуми.

За одлуката беше потребна согласност од сите земји на ЕУ кои се членки на Шенген, додека четирите надворешни членки кои се надвор од ЕУ не одлучуваат за тоа.

На два подготвителни состаноци на Бордот на постојаните претставници, првиот одржан на 1 декември, а вториот вчера, немаше забелешки во однос на хрватското членство.

Со оваа одлука Хрватска од 1 јануари и официјално ќе стане дел од Шенген

Радио Лидер