• 04.02.2023 22:33

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ердоган: За да влезат во НАТО, Шведска и Финска мора да ни депортираат 130 терористи

Bysrs-editor

Jan 17, 2023

Двете земји лани поднесоа апликација за членство, кое досега го одобрија сите земји членки на НАТО, освен Турција и Унгарија.

Турција рече дека особено Шведска мора прво да заземе појасен став против она што го гледа како терористи, главно курдски милитанти и група која ја обвинува за обидот за државен удар во 2016 година.

– Рековме види, ако не ни ги предадеш твоите терористи, и онака не можеме да го поминеме (одобрување на апликацијата за НАТО) низ парламентот – рече Ердоган, осврнувајќи се на заедничката прес-конференција што ја одржа со шведскиот премиер. Улф Кристерсон минатиот ноември. – За ова да помине во парламентот, пред се треба да ни предадете повеќе од 100, околу 130 од овие терористи – рече Ердоган.